meh

Регионален тренинг: ИКТ и насилството врз жените

на сеп 23, 14 • од

Порталот „Женска посла“ (zenskaposla.ba) од Босна и Херцеговина, заедно со Фондацијата Еден свет – платформа за Југоисточна Европа, го организира првата регионална обука за информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) и насилството врз жените "Women rock IT!". Обуката ќе се одржи во Сараево, од 10 до 15 декември 2014 година...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Регионален тренинг: ИКТ и насилството врз жените

Порталот „Женска посла“ (zenskaposla.ba) од Босна и Херцеговина, заедно со Фондацијата Еден свет – платформа за Југоисточна Европа, го организира првата регионална обука за информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) и насилството врз жените “Women rock IT!”Обуката ќе се одржи во Сараево, од 10 до 15 декември 2014 година.

Учесничките ќе можат да научат повеќе и да се вклучат во работилници на следниве теми – безбедноста и приватноста во дигиталното окружување, ИКТ во контекстот на насилството врз жените, социјалните медиуми на интернет – и да разговараат за подобри начини за подигање на свеста за тие прашања.

Обуката ќе ја одржуваат обучувачи од Асоцијацијата за прогресивни комуникации (АПК) и Колективот „Тактикал тек“ (Tactical Tech Collective).

Обуката е отворена за учеснички од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово. Учеството е бесплатно и сите трошоци за сместување, храна и превоз се покриени од организаторите.

Работен јазик на обуката ќе биде англискиот јазик.

Формуларот за пријавување е достапен на линкот: https://www.surveymonkey.com/s/CRZD678. За повеќе информации за обуката погледнете го PDF документот во прилог на оваа статија или на овој линк.

Извор: oneworldsee.org

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top