208525750_4389855574400581_4277723458868499358_n

Работилници за зајакнување на локалните инспекциски служби во Североисточниот регион

на јул 1, 21 • од

Теми на работилниците беа зајакнување на соработката меѓу Инспекцискиот совет и локалните инспектори и како до ефикасна инспекциска служба на локално ниво...
Pin It

Home » Активности » Работилници за зајакнување на локалните инспекциски служби во Североисточниот регион

208525750_4389855574400581_4277723458868499358_n

 

На 1 јули 2021 година, во Куманово, се одржаа две работилници за зајакнување и зголемување на ефикасноста на локалните инспекциски служби од општините во Североисточниот регион.

208526003_4390151194371019_5257655266456282244_nТеми на работилниците беа зајакнување на соработката меѓу Инспекцискиот совет и локалните инспектори – Законoт за инспекциски надзор и општините и како до ефикасна инспекциска служба на локално ниво. Предавачи беа експертите од Инспекциски совет на РСМ, Методија Димовски и Благоја Гешоски, како Горан Трајчевски, раководител на секторот Инспекторат на Град Скопје.

Во плодната дискусија со локалните инспектори од општините Куманово, Крива Паланка, Липково и Кратово, се отворија бројни прашања поврзани со примената на Законот за инспекциски надзор, а особено плодна беше дискусијата околу независноста на локалните инспекциски служби и како таа може да се зајакне. Се разговараше за тоа дали инспекциските служби треба да бидат централизирани, регионализирани или пак, и натаму да останат под ингеренции на општините.

206868583_4390151191037686_2530195694409926403_n

Учесниците се согласија дека мора да се обезбедат услови за примена на начелата на непристрасност, законитост и заштита на јавниот интерес, како и дека инспекторите мора да бидат самостојни во постапувањето и одлучувањето, без какви било притисоци од локалните власти односно градоначалниците.

Беа нагласени позитивните промени со новиот закон за инспекциски надзор, со кој за првпат се опфатени локалните инспектори и со кој се дефинирани нивните права. Беа потенцирани и некои недоследности на законот, како и недоволната хармонизираност на законската регулатива, што создава проблеми во ефикасноста на локалните инспекциски служби.

Од работилниците произлегоа повеќе предлози и заклучоци за зајакнување на локалната инспекција како што се воведување на е-инспектор, двосменско работење, меѓуопштинско здружување на ресурси и влијание, регионална соработка и др. Пренесувањето на искуствата од терен, пак, беа окарактеризирани како позитивни забелешки за интервенции и промени во законот за инспекциски надзор.

209240196_4389855571067248_8916011755914715057_n

Експертите посочија и дека треба да се менува перцепцијата за инспекциските служби во јавноста односно дека тие не се репресивен, туку се превентивно-едукативен орган, со професионална и искусна администрација.

Ова се првите две од серијата работилници, што ќе се спроведат во сите плански региони во земјава, во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, спроведуван од НВО Инфоцентар, во партнерство со Центар на заедницата Струга и РЦС Спектар од Крива Паланка. Проектот е финансиски поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top