Невладините организации од Крива Паланка, Велес и Неготино: Спектар, Цик-цак, Норгес Вел, Активо и СПО КУЛ, со помош и поддршка на НВО Инфоцентарот и меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска ќе добијат нови и унапредени интернет-страници.
На ваков начин овие локални организации ќе ја подобрат својата видливост и влијание во јавноста и меѓу граѓаните. Подготовката и унапредувањето на интернет-страниците е процес во кој директно учествуваат активистите од овие пет организации, под менторство на НВО Инфоцентарот.
За таа цел, на 29 и 30 септември, во хотел Романтик, во Велес се одржува дводневна работилница, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“.