На 26 јуни 2019 година, во Скопје, во рамки на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција“, НВО Инфоцентар во партнерство со Транспарентност Македонија, ја организираше третата работилница за новинари на која се дискутираше за корупцијата во медиумите и кај новинарите.
Петнаесетина влијателни претставници од различни медиумски и граѓански организации дискутираа за ефикасните механизми и приоди за борба против корупција во медиумите и заштита на интегритетот на новинарите, уредниците и редакциите: Снежана Трпевска, Ресис; Мирче Аадамчевски, Совет за етика во медиумите; Младен Чадиковски, Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ); Ѕвездан Георгиевски, Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ); Дејан Георгиевски, Центар за развој на медиуми (ЦРМ); Бранко Героски, Член 16; Сашо Ордановски, Форум ЦСД; Ана Петрушева, БИРН; Столе Наумов, Медиа плус и Центар за развој на медиуми; Сашко Димевски, ЗНМ ; Гордана Дувњак, Судско-медиумски совет; Иван Стефановски, Евротинк – Центар за европски стратегии и Васко Попетревски, 360 Степени.