2

Работилница во Теарце: Советниците и месните заедници за проблемите на граѓаните

на ное 23, 19 • од

Теарце како општина има бројни проблеми почнувајќи од тоа што нема канализација, завршувајќи до тоа дека има многу диви депонии, нема пожраникараска служба, ниту пак има дваесетичетиричасовна медицинска заштита. Советниците се обврзаа дека активно ќе се залагаат овие проблеми и нивното решавање да бидат вградени во годишните програми и буџетот на општината...
Pin It

Home » Активности » Работилница во Теарце: Советниците и месните заедници за проблемите на граѓаните

Организациите ЦЕД и Скаут, во соработка со НВО Инфоцентарот, на 23 ноември 2019, во Теарце, организираа работилница за петнаесетина советници и претседатели на месните заедници во општината, на која заеднички ги дефинираа најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и предлагаа ефикасни решенија. Теарце како општина има бројни проблеми почнувајќи од тоа што нема канализација, завршувајќи до тоа дека има многу диви депонии, нема пожраникараска служба, ниту пак има дваесетичетиричасовна медицинска заштита.

Пред почетокот на работилницата, извршната директорка на НВО Инфоцентарот, Билјана Бејкова направи презентација на наодите од мониторингот на транспарентноста на општина Теарце и вклучувањето на граѓаните во локалните политики, Советниците и претставниците на месните заедници констатираа дека е потребна поголема транспарентност на работата на локалната власт и на администрацијата, а едноврeмено истакнаа дека ќе побараат седниците на Советот во иднина да бидат „стримувани“ во живо за да можат граѓаните да ја следат работата на советниците.

ЦЕД, Скаут и НВО Инфоцентарот, во соработка со советниците и претставниците на месните заедници ќе подготват документ кој ќе му биде доставен на граданачалникот и на советот на општината и кој ќе ги содржи предлозите за решавање на најгорливите проблеми на граѓаните.

Советниците се обврзаа дека активно ќе се залагаат овие проблеми и нивното решавање да бидат вградени во годишните програми и буџетот на општината.

Работилницата се организираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме. 20191123_125117

20191123_125302

76762525_10158027307536995_9077884443519090688_n (1)

20191123_132439

20191123_133102

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top