protest-javna-soba-3-1-1024x768

Протестен марш: Јавна соба е кривично дело

на фев 6, 21 • од

Платформата за родова еднаквост, на 3 февруари 2021 година, организираше протестен марш, на кој беа соопштени барањата до институциите за темелно расчистување на случајот „Јавна соба"...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Протестен марш: Јавна соба е кривично дело

Платформата за родова еднаквост, на 3 февруари 2021 година, организираше протестен марш, на кој беа соопштени барањата до институциите за темелно расчистување на случајот „Јавна соба” и за сеопфатен пристап во справувањето на државата со родово базираното насилство, кое во разни форми е широко распространето и вкоренето во нашето општество.

На маршот, Платформата порача:

Сметаме дека целосното разрешување на овој случај е шанса за институциите да покажат дека и во пракса се залагаат за женските права и безбедноста на жените во онлајн и физичкиот простор. Затоа,

· Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба”, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство;

· Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени;

· Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик;

· Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top