Граѓани и членови на партијата на Љубе Бошкоски, на 7 март 2016 година, организираат протест пред затворот во Идризово. Граѓаните јавно ќе го прашаат директорот на затворот, Живко Пејковски чии наредби спроведува и дали е подготвен да ја преземе одговорноста за намерното продолжување на престојот на Љубе Бошкоски во затворот во Идризово.
Според Обединети за Македонија, на Љубе Бошкоски казната му истекува на 5 јуни, но бидејќи нема користено ниту еден викенд, а и поради добро однесување, законски му следуваат три месеци кои директорот на Идризово сега не ги потпишува. Таквата наредба е пристигната од врвот на власта, од каде според Обединети, е кажано да не се пушта Бошкоски до завршување на изборите. Тие најавија дека ќе ги објават и имињата на функционерите кои ја издале таа наредбата.
Доколку директорот на затворот го потпише решението, Бошковски треба да излезе од затвор на 8 март 2016.