12645081_10153268443281759_2931819698100376598_n

Граѓански протест пред Јавното обвинителство: Бараме обвиненија за сите кои се одговорни за смртта на Тамара!

на фев 9, 16 • од

Група граѓански активисти и активистки, денеска (вторник, 9 февруари 2016 година), во 12 часот пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје, ќе организираат протест заради молкот на оваа институција за одговорните за смртта на малата Тамара...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Граѓански протест пред Јавното обвинителство: Бараме обвиненија за сите кои се одговорни за смртта на Тамара!

Група граѓански активисти и активистки, денеска (вторник, 9 февруари 2016 година), во 12 часот пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје, ќе организираат протест заради молкот на оваа институција за одговорните за смртта на малата Тамара.

Помина една година откако почина Тамара Димовска, а Јавното обвинителство сѐ уште се нема изјаснето по кривичните пријави против одговорните за нејзината смрт. Одговорот дека се води истрага не е доволен, посебно во случај како овој, во кој сите осомничени им се познати на органите на прогонот.Јавниот обвинител уште еднаш покажа дека правдата која ја спроведува не е еднаква за сите граѓани.

Јавното обвинителство вчера објави дека биле повикани повеќе лица да ги дадат своите изјави, дека повеќе лица се осомничени за кривичното дело – несовесно работење во службата, како и дека по завршување на сослушувањето, ОЈО ќе донесе мериторна јавно-обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.

Но ние прашуваме:

- Колку време е потребно да бидат сослушани осомничените?

- Зошто Јавното обвинителство се огласи прв пат, дури откако во јавноста беше најавен протестот токму на годишнината од смртта на Тамара?

- И зошто, лицата се осомничени само за несовесно работење во службата, а не и за злоупотреба на службена положба и овластувања – дело за кое е поднесена кривична пријава против министерот Тодоров?

Бараме Јавниот Обвинител итно да покрене обвинените против одговорните за смртта на Тамара, вклучувајќи го и министерот Тодоров.

Затоа, ги повикуваме граѓаните, денеска, во 12:00 часот, сите да се собереме за да кажеме дека доста беше молк од Јавното обвинителство!

НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top