event-cover-cevli-bane-02-bw-02-e1454754086562

Мирен протест пред Влада: Колку чевли останаа неизносени?

на фев 13, 16 • од

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“, на 13 февруари 2015 година, организираше симболичен мирен протест пред  зфрадата на  Владата. На улицата пред Владата беа поставени стотици обувки донесени од граѓаните во знак на сеќавање на сите оние блиски пријатели и роднини кои решиле да си заминат во странство. Протестот се одржа под името „Колку чевли останаа неизносени“. [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Мирен протест пред Влада: Колку чевли останаа неизносени?

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“, на 13 февруари 2015 година, организираше симболичен мирен протест пред  зфрадата на  Владата.

На улицата пред Владата беа поставени стотици обувки донесени од граѓаните во знак на сеќавање на сите оние блиски пријатели и роднини кои решиле да си заминат во странство.

Протестот се одржа под името „Колку чевли останаа неизносени“.

Активистите и граѓаните  сметаат дека веќе со години сме сведоци и жртви на најголемот современ егзодус во Македонија: „Официјалните бројки покажуваат, а нашите болни разделби потврдуваат дека од државата секој ден, секој час се иселуваат наши најблиски и сакани. Причините за ваквите заминувања се сé полошата економска состоја и генералното влошување на сите животни и општествени сегменти. Нашето семејство, нашите пријатели, нашите комшии се делат од татковината и најблиските втурнати во потрага по парче леб. Политиките на власта се директно одоговрни за ова масовно исселување, немаштија и бесперспективност. “Татковино те љубам како стари чевли.“ – (Сервантес).“

Обувките кои се во употреблива состојба ќе бидат подарени во хуманитарни цели. Останатите, кои не се за употреба, ќе станат дел од уметничко дело на група автори посветено на иселувањето.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top