10011515_1587825064766187_2168515845295061044_n

Протест: Под закана се нашите животи, а не бракот

на јан 21, 15 • од

Во четврток, 22 јануари 2015 година, со почеток од 10 часот, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) ќе организира протест пред просториите на Основното јавно обвинителство во Скопје...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Протест: Под закана се нашите животи, а не бракот

Целта на протестот е да се насочи вниманието на јавноста кон вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните/ките во Република Македонија, а тоа е нееднаквиот пристап кон правда, особено за луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет. Додека на 20.01.2015, Собранието ќе расправа по пакетот уставни амандмани меѓу кои и исклучувачката дефиниција на бракот (амандман XXXIII), НМХТ ќе посочи на реалните проблеми како насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ заедницата и уште повеќе молкот на институциите. Владата наместо да презема активности кон спречување на хомофобичното и трансфобичното насилство и дискриминација, како што и меѓудругото се обврзала во низа меѓународни инструменти, со уставниот амандман XXXIII дополнително ја поттикнува и одобрува дискриминацијата кон ЛГБТИ заедницата.

НМХТ отворено ја прашува Владата и Собранието: кој е тука под закана? Дали тоа е бракот како институција кој е загарантиран со закони и подзаконски акти или тоа се ЛГБТИ луѓето кои секојдневно живеат во постојан страв од насилство и во услови на неказнивост на насилниците? Дали бракот е тој кој е маргинализиран, кој како институција е заштитен не во еден, туку во два закони (Законот за семејство и Законот за спречување и заштита од дискриминација) или маргинализирани се ЛГБТИ луѓето кои практично не постојат пред законите?

Во своето Образложение, Владата на РМ како предлагач на Уставните измени ја објаснува потребата од Амандманот XXXIII преку тоа дека бракот како заедница е соочен со предизвиците на “современото време“ и со обидите за негово редефинирање, деинституционализација и негова постепена маргинализација. НМХТ прашува: врз основа на што Владата тврди дека бракот е загрозен?

Поминаа повеќе од две години од првиот напад на ЛГБТИ Цетарот за поддршка, а сторителите уште не се најдени. Не се најдени ни сторителите на низата други напади на ЛГБТИ Центарот за поддршка и на активисти, ниту пак се најдени напаѓачите на кафе барот „Дамар“. За ниту еден од овие случаи, ниту пак за случаите на хомофобичен говор на омраза Јавното Обвинителство досега не презело соодветни мерки.

Маргинализацијата и деинституционализацијата на бракот е нереална, а насилството врз ЛГБТИ лицата е повеќе од реално!

Протестот ќе биде со траење од триесет минути, во текот на кои граѓаните ќе ја пренесат својата порака преку попречување на нормалното функционирање на институцијата со недозволување влез во зградата на Обвинителството во текот на триестминутниот протест. Граѓаните кои сакаат да ја напуштат зградата нема да бидат спречени во својата намера. Протестот е замислен да биде перформативен. По завршувањето на триесетминутниот протест, претставник/чка на организациите ќе даде изјава за медиумите, со што ќе заврши и протестот. 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top