13178555_1156499541069529_5337693737903456111_n

Продолжен рокот за доставување апликации за повикот за доделување мали грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“

на мар 28, 17 • од

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на информации од јавен карактер и подготовка на отворени бази на податоци за области од поширок јавен интерес...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Продолжен рокот за доставување апликации за повикот за доделување мали грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“

РОКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ РЕФОРМИ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 7 АПРИЛ 2017

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за акции поврзани со прибирање, обработка и анализа на информации од јавен карактер и подготовка на отворени бази на податоци за области од поширок јавен интерес.

Предвидено е да се доделат осум (8) мали грантови, по еден во секој од планските региони во Република Македонија (Скопски, Источен, Југоисточен, Североисточен, Пелагониски, Вардарски, Југозападен и Полошки регион) во износ до 3.000 евра по грант (во денарска противвредност од 184.000 денари). Вкупниот износ на повикот изнесува 24.000 евра.

Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на осум локални граѓански организации кои работат и имаат искуство во собирање, обработка и анализа на информации од јавен карактер. Грантовите ќе се доделат на ГО кои ќе имаат обврска да соберат, обработат и анализираат податоци за однапред определени области за сите општини од регионот на којшто му припаѓаат.

Областите за коишто ќе се прибираат информации од јавен карактер се: економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина. Конкретните податочни сетови што треба да се обезбедат преку малите грантови во секоја од овие области се претходно утврдени низ широк консултативен процес и се оценети од страна на ГО и новинарите како најкорисни за нивната идна работа.

Спроведувањето на акциите треба да се одвива во траење од 7 месеци, во периодот мај-ноември 2017 година. Овој период ги вклучува и активностите за подготовка на детален план на реализација, како и подготовката на завршниот наративен и финансиски извештај.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 7 април 2017 година, до 17 часот.

Деталите за повикот како и документацијата за пријавување ќе ја најдете подолу.

Повик-за-доделување-грантови

Прилог 1-Образец за пријавување_IPA2012_CSO-01

Прилог 2-Буџет_IPA2012_CSO-01

Прилог 3-Опис на проектот_IPA2012-CSO-01

Прилог 4-Податочни сетови_IPA2012-CSO-01

 

 

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top