pr2

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите

на дек 30, 11 • од

Прирачникот за стратешко планирање на комуникациите е едноставен и лесно разбирлив водич низ процесот на креирање и релизирање на комуникацијата на секоја локална власт со нејзините граѓани...
Pin It

Home » Публикации » Прирачник за стратешко планирање на комуникациите

Прирачникот за стратешко планирање на комуникациите е едноставен и лесно разбирлив водич низ процесот на креирање и релизирање на комуникацијата на секоја локална власт со нејзините граѓани.

Постојаната, навремена и двонасочна комуникација со јавноста е ден од суштинските елементи во управувањето на секоја отворена и отчетна локална власт. Само преку навремено, секојдневно и отворено информирање на граѓаните за работата, општината може да очекува нивна доверба, поддршка, но и нивно активно учество во процесот на креирање политики и нивно спроведување.

Комуникациската стратегија претставува рамка за планирано и ефикасно спроведување на комуникациите на локалната власт, како и основа за подготовка на детални годишни програми за спроведување на комуникациските активности. Стратегија е документ кој го дефинира системот за пренесување јасна порака до сите целни јавности, документ кој ги обединува  сите комуникациски ресурси и кој ќе овозможи максималмо искористување на комуникациските капацитети на локалната самоуправа, едновремево обезбедуваќи планско и ефикасно надминување на клучните комуникациски слабости и недостатоци. Комуникациската стратегија исто така  ќе овозможи контрола врз начините на комуникација и мерењето на резултатите од комуникацијата.

Во Македонија, до 2011 година, речиси немаше општина која има подготвено и усвоено стратегија за комуникација со јавноста. Имајќи ја предвид оваа слабост на општините, од една страна и потребата за стратешки и плански пристап во комуникациите на секоја локална власт, од друга страна, НВО Инфоцентарот со финансиска поддршка на The Balkan Trust for Democracy, во рамките на проектот „Односи со јавноста за транспарентна локална самоупрва (2): Отворена општина – задоволни граѓани“, се обиде да направи пионерски чекор и да им помогне на неколку општини да ја подготват и да ја усвојат својата прва комуникациска стратегија. Како резултат на овој проект, општините Струмица, Штип, Кочани и Виница ги добија првите комуникациски стратегии, а општина Велес го започна процесот на подготовка на својата стратегија која се очекува да биде финализирана во текот на 2012 година. Едновремено, општините Струмица, Штип, Кочани, Виница, како и Арачиново и Чучер Сандево ги подготвија и своите годишни планови за комуникација со јавноста на локално ниво за 2012 година.

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите

издавач: НВО Инфоцентар

автори: Елена Симоноска и Билјана Бејкова

ISBN 978-608-4594-06-2

COBIS.MK-ID 90119690

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top