Авторите,д-р Ненад Гавриловиќ и д-р Неда Здравева, ќе го претстават второто издание на Прирачникот за авторското право и сродните права наменето за радиодифузерите и новите медиуми односно за менаџерите, уредниците, новинарите, фоторепортерите во овие медиуми.
Прирачникот поаѓа од потребата медиумите и медиумските работници подетално да се запознаат со правата и обврските што ги имаат во поглед на содржините кои ги подготвуваат и емитуваат, а кои произлегуваат од промените на законодавството во областа на авторското право и сродните права, во медиумската сфера и во електронските комуникации.
Имајќи го предвид значењето на почитувањето на авторското право и сродните права во креирањето и објавувањето содржини во медиумите, се надеваме дека ќе присуствувате на оваа промоција и ќе го земете својот примерок од Прирачникот.
Подготовката на овој прирачник е поддржана од проектот наУСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера и од Фондацијата Отворено општество Македонија.