MLDI

НОВО: Прирачник за слободата на изразување и клеветата

на јул 11, 15 • од

Овој прирачник на Media Legal Defence Initiative (MLDI) и International Press Institute (IPI), претставува ново, моќно средство за одбрана на правото на европските медиуми да информираат за теми и проблеми од јавен интерес. Во него се содржани сите европски правни стандарди кои се однесуваат на слободата на изразување и на заштитата на репутацијата...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » НОВО: Прирачник за слободата на изразување и клеветата

Media Legal Defence Initiative (MLDI) и International Press Institute (IPI), неодамна, со поддршка на Европската комисија и на Фондациите Отворено општество, го издадоа прирачникот „Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета“, наменет за едукација на новинари и адвокати.

Овој прирачник претставува ново, моќно средство за одбрана на правото на европските медиуми да информираат за теми и проблеми од јавен интерес. Во него се содржани сите европски правни стандарди кои се однесуваат на слободата на изразување и на заштитата на репутацијата.

„Целта на овој прирачник е двојна,“ и според директорот на IPI, Скот Грифин: „Од една страна, тој на европските адвокати им нуди основни знаења за развој на стратегии за судски постапки, врз основа на европските стандарди за човекови права, за тие потоа, успешно да можат да ги застапуваат медиумите против кои се водат постапки за клевета. А од друга страна, прирачникот целосно ги информира европските новинари за нивното право да информираат и да ги коментираат прашањата од јавен интерес, кое не е секогаш соодветно препозанено од судовите и законодавството во нивните земји.“

Автор на прирачникот е д-р Ричард Карвер од универзитетот Оксфорд Брукс и тој е преведен на пет јазици, меѓу кои и на македонски.

Oва дело е лиценцирано според интернационалната лиценца на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 4.0.

FoE_MediaLaw_Defamation_MKD

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top