2000px-Fair_use_logo.svg_-300x300

Принципи за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите

на дек 17, 14 • од

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), утре, 18 декември (четврток) 2014 година, во Клубот на новинарите, во 11 часот,  ќе организира прес-конференција на која ќе бидат претставени „Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите“. Принципите за фер употреба се документ за саморегулација на интернет медиумите, кој претставува одговор на [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Принципи за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), утре, 18 декември (четврток) 2014 година, во Клубот на новинарите, во 11 часот,  ќе организира прес-конференција на која ќе бидат претставени „Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите“.

Принципите за фер употреба се документ за саморегулација на интернет медиумите, кој претставува одговор на горливото прашање на секојдневното користење туѓи авторски дела во известувањето на медиумите и непочитувањето на авторското право и сродните права. Овие принципи се засновани на начелата на доктрината за „фер употреба“, на одредбите од Законот за авторското право и сродните права, но и на добрите обичаи и пракси во новинарската професија. Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела се резултат на еден долг период на консултации во рамките на медиумската интернет сцена, во кој беа вклучени 11 онлајн медиуми.

Иницијативата за изработката на овие Принципи е дел од проектните активности наменети за подобрување на професионалните стандарди во известувањето на новите медиуми подржани од проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфераи од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top