Следејќи ги временските непогоди кои го зафатија Балканот, сакаме да ги охрабриме граѓаните да дадат поддршка и помош на лицата кои ги изгубија своите домови или се евакуирани заради поплавите во Србија и Босна.
Во организација на Црвениот крст на Македонија започна хуманитарна акција која ќе трае до 31 мај 2014 година, а помош може да дадете на еден од следниве начини:
1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
2. Телефонско донирање 100 денари, со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
3. Собирен пункт за хуманитарна помош (во Скопје помошта се собира во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227. Надвор од Скопје, помошта може да се донира и во општинските организации на Црвениот крст)
Граѓаните кои сакаат да донираат помош и во следните денови, тоа можат да го сторат во најблискиот пункт на Црвениот крст, а еве кои производи им се најнеопходни на настраданите: