1

Презентација на мониторингот за транспарентноста на Општина Маврово и Ростуше

на ное 13, 19 • од

Со градоначалникот Медат Куртовски и други претставници од општината, разговаравме за можностите за подобрување на транспарентноста на општината, како и можностите за развивање на механизмите за директно вклучување на граѓаните во креирањето локални политики...
Pin It

Home » Активности » Презентација на мониторингот за транспарентноста на Општина Маврово и Ростуше

Со градоначалникот Медат Куртовски и други претставници од општината, на 13 ноември, разговаравме за можностите за подобрување на транспарентноста на општината, како и можностите за развивање на механизмите за директно вклучување на граѓаните во креирањето локални политики.

На оваа средба, извршната директорка на НВО Инфоцентарот, Билјана Бејкова, заедно со Кемил Исметовиќ од ЗЕУКС Тритон и Емир Бекири од Рекански бисер, ги презентираа клучните наоди од мониторингот на општината спроведен во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓунардониот центар Улоф Палме.

Клучни наоди:

• Интернет-страницата на општината не обезбедува доволен степен на транспарентност и отчетност на локалната власт.

• Интернет-страницата на општината има делумно технички и содржински функционална верзија единствено на македонски јазик.

• Потребно е редизајнирање и осовременување на интернет-страницата, која на граѓаните ќе им овозможи целосен увид во документите и информациите поврзани со работата на локалната власт.

• Препорачуваме општината да ги зајакне механизмите/ формите за консултирање и вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето локални политики.

• Потребно е да се организираат повеќе и поредовни формални средби, трибини, јавни расправи, форуми.

• Добро е да се вклучат граѓаните преку буџетски јавни расправи и форуми, кои ќе се организираат неколку месеци пред формалното усвојување на буџетот.

• Општината го препознава значењето на месните заедници и во таа насока треба да ја засили комуникацијата и соработката со нив.

• Препорачуваме општината поинтензивно да го промовира определениот годишен фонд за поддршка на локалните граѓански организации кој ќе биде јавно објавен.

• Исто така, општината треба да развие транспарентни и отчетни процедури, критериуми и приоритети за доделување финансиска поддршка.

• Општината и натаму треба да ја продлабочува соработката со граѓанските организации.

• Препорачуваме општината да се стреми да одговара и постапува по пријавите на граѓаните не подолго од 48 часа.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top