12-MemeS-12

Препораки за поголема транспарентност и двонасочна комуникација на инспекциските служби со граѓаните

на сеп 25, 22 • од

ЛОКАЛНИТЕ ИНСПЕКТОРИ И ГРАЃАНИТЕ НВО Инфоцентрот, Спектар и Цетарот на заедницата во Струга, низ серијата обуки со инспекторите и инфо-деновите за граѓаните, спроведоа анализа за тоа дали и како локалните инспектори комуницираат со граѓаните, покрај процедурата за пријавување инспекциски проблеми, дали објавуваат разбирливи податоци и извештаи за работата на инспекциските служби, каде ги објавуваат информациите [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Препораки за поголема транспарентност и двонасочна комуникација на инспекциските служби со граѓаните

ЛОКАЛНИТЕ ИНСПЕКТОРИ И ГРАЃАНИТЕ

НВО Инфоцентрот, Спектар и Цетарот на заедницата во Струга, низ серијата обуки со инспекторите и инфо-деновите за граѓаните, спроведоа анализа за тоа дали и како локалните инспектори комуницираат со граѓаните, покрај процедурата за пријавување инспекциски проблеми, дали објавуваат разбирливи податоци и извештаи за работата на инспекциските служби, каде ги објавуваат информациите и каква е пристапноста до нив и сл.

 

Детектирани состојби

  • Граѓаните можат на различни начини да пријават проблеми до општинските инспекциски служби:
    1. Писмено, преку архивата на општината.
    2. Усно, по телефон или лично кај надлежниот инспектор.
    3. По електронски пат и преку општинската интернет-страница.
    4. Граѓаните се уште претпочитаат проблемот да го пријават лично до надлежниот инспектор и/ или градоначалникот.
  • Најчесто на граѓаните на располагање  им се опциите да пријават проблем (каков било проблем во надлежност на општината, не само поврзан со инспекциите), фиксните броеви на инспекциските служби, а потоа адресите за електронска пошта и на крај, броевите на мобилните телефони.
  • Информациите поврзани со локалните инспекциски служби тешко се наоѓаат на официјалните интернет-страници на општините.
  • На повеќето инетернет-страници има многу малку информации за инспекторите и за нивните контакти.
  • Информациите за инспекциските служби најчесто се многу скудни, не се пребарливи и не се видливи односно треба да се бараат во различни категории – администрација, организација, сектори, општински услуги и др.
  • Најчесто присутни информации се органограмите, видот и имињата на инспекторите, контактите.
  • Други документи, како што се планови, програми, извештаи за изврешни инспекциски надзори, решенија, постапки, има малку.
  • Кога станува збор за роковите во кои постапуваат инспекциските служби, тие варираат и се движат од еден ден до еден месец.
  • Малку општини постапуваат по пријавите и претставките на  граѓаните во периодот од еден до пет дена. Најчесто постапуваат во периодот до една недела, 10, 15, па и 30 денови.

 

Препораки

  • На општинските интернет страници мора редовно да се објавуваат информации од интерес на граѓаните.
  • На пример, преземени инспекциски мерки за заштита на животот, здравјето, имотот на граѓаните.
  • На општинските интернет страници мора да ги има сите податоци и информации за инспекциските служби.
  • Објавените податоци мора да бидат лесно достапни, видливи и пребарливи.
  • Информациите што се објавуваат треба да бидат разбирливи и информативни за сите граѓани.
  • Општините треба да организираат отворени денови на инспекциските служби, на кои граѓаните ќе може да се сретнат и да разговараат со инспекторите.
  • Општините треба да креираат содржини и активности преку кои ќе ги запознаат граѓаните со надлежностите на инспекциските служби и со начините на кои може да пријават проблем, а и ќе ја поттикнат двонасочната комуникација.
  • Локалните инспекциски служби треба постојано да ја унапредуваат својата ефикасност и да се обидуваат да бидат поажурни во постапувањето по пријавите и претставките на граѓаните.

 

Детектираните состојби и препораките ќе ги најдете овде.

Проект „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, финансиран од програмата Цивика мобилитас, спроведуван од НВО Инфоцентар со партнерите РЦС Спектар – Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга.

 

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top