Slavjanski 6 мало

Преговори со ЕУ – Информативно едукативна сесија за студентите од МСУ

на окт 29, 20 • од

На 28 октомври, НВО Инфоцентарот одржа вебинар за студентите на Правниот факултет при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ (МСУ)...
Pin It

Home » Активности » Преговори со ЕУ – Информативно едукативна сесија за студентите од МСУ

На 28 октомври, преку платформата Зум, се одржа вебинар за студентите на Правниот факултет при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ (МСУ).

Дваесет и двајца студенти од втора, трета и четврта студиска година присуствуваа на информативно-едукативната сесија „Демистификација на претпристапните преговори со ЕУ и новата преговарачка методологија“.

На сесијата имаа можност да се запознаат со основите на пристапните преговори и новата преговарачка методологија на ЕУ, како и со капацитетите на ресурсната платформа eu.org.mk која нуди можност за идентификување на релевантни елементи и извори на информации, податоци и видеа во врска со Европската Унија.

Информативно едукативната сесија се организираше во рамките на проектот „MK&EU – НАУЧИ, СПОДЕЛИ, ВКЛУЧИ СЕ!”, кој го спроведуваат НВО Инфоцентарот и Центарот за европски стратегии – Евротинк, како дел од програмата CIVICA MOBILITAS, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СЦД), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).

Slavjanski 4

Slavjanski 8

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top