Невладината организација на ревматизам и артритис – НОРА, на Светскиот ден на лупусот – 10ти мај, организира предавање на тема: „Лупус и начин на живот“, во своите простории на ул. „Благој Давков“ бр.18/Б1, од 12 до 13 часот.
Светскиот ден на лупусот се прославува насекаде ширум светот и на тој начин се шири јавната свест за живеењето со ова системско заболување и им се дава поддршка на пациентите со лупус.
Светскиот ден на лупусот ќе се одбележи со кратко предавање на тема: „Лупус и начин на живот“,од страна на ревматолози од Клиниката за ревматологија од Скопје. На ваков начин се овозможува едукација и простор за размена на искуства за пациентите со лупус. Целта на одбележувањето е кревање јавна свест за ова заболување, давање поддршка на пациентите со лупус и отпочнување на традиција при прославувањето на овој несомнено важен ден.
На настанот кој го организира НВО НОРА, покрај предавачите-ревматолози од Клиниката за ревматологија поканети се и гости од ФЗОМ, Министерството за Здравство, Клиниката за нефрологија, Клиниката за ортопедски болести од Скопје, како и еминентни претставници од фармацевтската индустрија во Република Македонија.