populizam

ПР на Владата: Кој е народот на Груевски?

на јун 26, 14 • од

Третиот извештај од мониторингот на владините односи со јавноста, насловен како „Кој е народот на Груевски?“ претставува дискурзивна анализа на популизмот во говорите и јавните настапи на премиерот и првиот човек на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски...
Pin It

Home » Активности, Анализи » ПР на Владата: Кој е народот на Груевски?

НВО Инфоцентарот спроведува мониторинг на односите со јавноста на Владата и на владините претставници со цел да утврди дали извршната власт вистинито и навремено ја информира јавноста за спроведувањето на јавните политики, за своите активности, за постигнатите резултати, за постојните проблеми, како и да утврди какви пораки упатува Владата до македонските граѓани.

Третиот извештај насловен како „Кој е народот на Груевски?“ претставува дискурзивна анализа на популизмот во говорите и јавните настапи на премиерот и првиот човек на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Анализата на шест јавни настапи на премиерот Груевски, во 2013 и 2014 година, недвосмислено покажува дека главното прашање не е дали неговите говори се популистички, туку кои елементи на популизам и популистичка реторика најчесто ги користи и за кои цели.

Популистичка реторика

Како што беше и за очекување од политичар кој важи за поборник на патриотската кауза, најчесто употребуван збор во анализираните говори е името на државата – „Македонија“ (102 пати). Веднаш потоа следи терминот „народот“ (48 пати), чиј процент на застапеност е уште поголем доколку ја пресметаме и употребата на нечленуваната форма – „народ“. Натаму, имајќи предвид дека Груевски во своите говори термините „граѓани(те)“ и „луѓе(то)“ честопати ги користи како синоними за „народ“, реферирањето на овој означувач е уште поизразено. На трето место според зачестеноста на употребата е „СДСМ“ (48 пати), што повторно е за очекување за говори кои се сметаат за популистички, и во кои манихејската космологија и оцрнувањето на противничката елита се главни карактеристики. Освен СДСМ, Груевски ги спомнува и лидерите на опозицијата (Заев и, особено, Црвенковски) илустрирајќи ги во исклучително негативен контекст. Следува придавката „нови“ (45 пати), а доколку ги изброиме (членуваните) форми според род и број, тогаш овој збор е трет по употреба, веднаш зад „народ(от)“. Од останатите термини интересни за нашата анализа, високо котираат и „државата“, „работа“, „проекти“ и „доверба“.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top