НВО Инфоцентарот во рамките на проектот „Застапување за слобода на изразување“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија, распишува Конкурс за мали граѓански акции.
Граѓанските акции треба да се однесуваат исклучиво на промоцијата, заштитата и почитувањето на слободата на изразување и слободата на здружување како основни човекови права.
Пожелно е малите акции да бидат креативни, оригинални и да одговараат на потребите на заедницата. Секоја од предложените акции не смее да има буџет поголем од 20.000 МКД.
Право на учество на овој конкурс имаат сите формални и неформални граѓански организации и граѓански иницијативи.
Предложените и одобрените акции ќе се реализираат во периодот април – мај 2016 година, преку техничка и експертска поддршка на НВО Инфоцентарот и партнерската организација, Центар за развој на медиуми.
Конкурсот е отворен до 28 март 2016 година.
Формуларот за пријавување треба да биде пополнет и испратен исклучиво во електронска форма на електронска адреса: contact@nvoinfocentar.org.mk, со назнака „Конкурс за мали граѓански акции“.
Формуларот за пријавување се наоѓа на следниов линк: Формулар за пријавување-МГА