malo Local Consultation mechanism for IPA 2 [ PR Banner ]

Повик за учество на тренинзи за организации од Скопскиот регион за подобро разбирање и искористување на европските фондови

на окт 8, 18 • од

НВО Инфоцентарот организира три еднодневни тренинзи наменети за зголемување на капацитетите на граѓанските активисти од Скопскиот регион за зголемување на знаењето и подобрување на способностите на граѓанските организации за учество во програмирањето на ИПА фондовите и аплицирање за европско финансирање...
Pin It

Home » Активности » Повик за учество на тренинзи за организации од Скопскиот регион за подобро разбирање и искористување на европските фондови

БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ, ЗА СИТЕ ТРИ РАБОТИЛНИЦИ, Е ВЕЌЕ ПОПОЛНЕТ!

НВО Инфоцентарот организира три еднодневни тренинзи наменети за зголемување на капацитетите на граѓанските активисти од Скопскиот регион, за зголемување на знаењето и подобрување на способностите на граѓанските организации за учество во програмирањето на ИПА фондовите и аплицирање за европско финансирање.

Тренинзите се дел од втората фаза на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“, а ќе се одржат од 29 до 31 октомври 2018, во ГЕМ Клубот во Скопје:

29.10.2018 – Тренинг „Подобро разбирање на европските фондови“ (Преземете Агенда за 29.10.2018)

30.10.2018 – Тренинг „Подготовка на проекти“ (Преземете Агенда за 30.10.2018)

31.10.2018 – Тренинг „Планирање и спроведување проекти финансирани од Европската Унија според правилата праг“ (Преземете Агенда за 31.10.2018)

На тренинзите, учесниците ќе стекнат повеќе познавања за Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2014-2020 и други програми на Унијата, програмски и проектни документи, развивање индикатори за успех, ризици и претпоставки, развивање активности соодветни на програмски цели, приод на логичка рамка, правила за обезбедување видливост на европски проекти, планирање и управување со буџет за проект финансиран од ЕУ, работење според правилата ПРАГ и др.

За повеќе информации пишете ни на elena@nvoinfocentar.org.mk.

Проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“ е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Фондацијата НВО Инфоцентар и Организацијата на жени од Струмица.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top