diva deponija Skudrinje

Потребни се итни и одржливи мерки за проблемот со дивите депонии во Маврово

на ное 26, 19 • од

Здружението Зеукс Тритон, со поддршка од НВО Инфоцентарот преку проектот „Активни граѓани за партиципативна локална демократија“, спроведе мапирање на дивите депонии во Долнореканскиот крај, дел од Националниот парк Маврово. Во само 11 села во општината Маврово и Ростуше, со помош на локалното население,беа лоцирани 42 диви депонии...
Pin It

Home » Активности » Потребни се итни и одржливи мерки за проблемот со дивите депонии во Маврово

Здружението Зеукс Тритон, со поддршка од  НВО Инфоцентарот преку проектот „Активни граѓани за партиципативна локална демократија“, спроведе мапирање на дивите депонии во Долнореканскиот крај, дел од Националниот парк Маврово.

Во само 11 села во општината Маврово и Ростуше, со помош на локалното население,беа лоцирани 42 диви депонии.

Акцијата ја поддржа и  Јавното претпријатие Национален парк „Маврово“ , кој обезбеди техничката опрема – дрон при снимањето.

На вчерашната дискусија, по проекцијата на видео, во организација на активистите од Зеукс Тритон со претставници од општината, националниот Парк и јавното комунално претпријатие „Маврово“ беа сублимирани неколку предлози за решавање на проблемот со дивите депонии на територијата на општината Маврово и Ростуше. Како најзначајни се издвојуваат: заеднички пристап кон проблемот, зајакнато теренско присуство, зголемување на казните за фрлен отпад, оформување на тело кое ќе врши надзор на работата на комуналните редари, како и на одделението за урбанизам и комунални дејности.

Проектот „Активни граѓани за партиципативна локална демократија“ се спроведува со финансиска поддршка од Меѓународниот центар Улоф Палме, со средства од Шведската Влада.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top