Untitled

Потребна е целосна дигитализација и нови форми на граѓанско учество

на дек 27, 20 • од

Мониторинг на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините за време на Ковид-19 Набљудувањето на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините Велес, Крива Паланка и Неготино, во време на пандемијата КОВИД-19, покажа дека локалните власти треба да ја зајакнат транспарентноста и отчетноста на својата работа особено во спроведувањето на постапките и трошењето на буџетските [&hellip...
Pin It

Home » Активности, Анализи » Потребна е целосна дигитализација и нови форми на граѓанско учество

Мониторинг на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините за време на Ковид-19

Набљудувањето на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во општините Велес, Крива Паланка и Неготино, во време на пандемијата КОВИД-19, покажа дека локалните власти треба да ја зајакнат транспарентноста и отчетноста на својата работа особено во спроведувањето на постапките и трошењето на буџетските средства.

Потребно е општините интензивно да работат на целосна дигитализација на општинските услуги и нивна стандардизација. Исто така, треба да ја подобрат и дигиталната писменост на општинската администрација. Општинските интернет-страници мора да бидат сервисно ориентирани, а не да служат главно како промотивна алатка на локалната власт.Тие треба редовно да се унапредуваат и редизајнираат, за да им обезбедат квалитетни информации и услуги на граѓаните, како и да бидат лесни за користење и пребарување.

opstinite i Covid 19 MK

Општините мора да воведат и применуваат механизми и практики за интензивна дигитална комуникација и вклучување на граѓаните. Форумите, јавните расправи и консултациите со граѓаните не само што треба да продолжат, туку треба да се надградат со нови форми и платформи. Не смеат да замрат како што се случи годинава.

Соработката и поддршката за локалните граѓански организации треба да се зголеми. Пандемијата треба да претставува поттик за продлабочување на соработката со локалниот граѓански сектор, а не да биде изговор за запирање на поддршката како што беше случај оваа година. Општините мора да креираат или да ги унапредат програмите, политиките и критериумите за доделување финансиска поддршка на граѓанските организации. Тие политики и процедури мора да бидат транспарентни, отчетни и јавно достапни.

Општините треба да ја подобрат и поттикнат работата на месните заедници и соработката со нив. Бидејќи месните заедници се основна алатка за директно вклучување на граѓаните, општините треба да се залагаат за законски измени со кои ќе се унапреди нивниот статусот. Општините во кои нема месни заедници (како на пример, во општина Неготино) треба да го започнат процесот на нивно формирање.

Мониторингот на општините Велес, Крива Паланка и Неготино, во текот на 2020 година, го реализираше НВО Инфоцентарот во соработка со граѓанските oрганизации Спектар од Крива Паланка, Активо од Велес и СПО КУЛ од Неготино, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top