skola 1(1)

Политичките елити создадоа плодна почва за фашистичките идеи

на мај 9, 14 • од

Антифашистите се помалубројни, малцинство се и без оглед на тоа колку сакаат да бидат слушнати, не можат да бидат слушнати, бидејќи се под цензура...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Политичките елити создадоа плодна почва за фашистичките идеи

Во Македонија се уште не може да зборува за конечна победа над фашизмот, бидејќи во последните години тој воскреснува низ разни облици, а  политичките елити во последните години создадоа плодна почва за растење на фашистичките идеи. Ова се едни од заклучоците донесени на дебата насловена како „Дали фашизмот е победен во Македонија?“ во организација на Фронтот за слобода на изразување.

„Денес во Македонија ако сте комунист ќе ве прогласат за „комуњара“, ако сте десничар нема да кажат дека сте фашист, тогаш сте патриот, бранител на татковината итн. Тоа убаво може да ја нацрта воспоставената клима во која антифашистите се во дефанзива.  Антифашистите се помалубројни, малцинство се и без оглед на тоа колку сакаат да бидат слушнати, не можат да бидат слушнати, бидејќи се под цензура.“ оцени Извршниот директор на ФООМ Владимир Милчин, додавајќи дека поразителен е фактот што Македонија како земја кој била дел од Антифашистичката алијанса, денес е земја која произведува фашизам.

За Жарко Трајаноски, потребно е да се постави прашањето дали во Македонија фашизмот е навистина победен, бидејќи иако Македонија има своја антифашистичка историја, но ја пропуштила фашистичката историја. „ Интересно е да го поставиме прашањето дали фашизмот е победен во Македонија со оглед дека ние имаме своја историја на антифашизмот и антифашистичката борба, меѓутоа, на некој начин немаме некоја историја на фашизмот во Македонија, тој дел како да сме го пропуштиле, па како да сме подзаборавиле кој се фашисти во Македонија. Но, туку има ликови кои што не’ потсетуваат, па во во Музејот на ВМРО, кој е поставен наспроти Музејот на Холокаустот, ја има восочната фигура на Ванчо Михајлов кој што е еден од главните соработници на фашистите, на нацистите и на Хитлер и еден од организаторите на воени единици во Егејска Македонија што заедно со СС трупите се бореа против тамошните антифашисти“, истакна Трајановски.

Граѓанскиот активист Џељо Хоџиќ смета дека фашистичките идеи во Македонија од ден на ден стануваат се побројни, но и дека политичките елити обезбедиле плодна почва за нивен развој. „ Денес сме сведоци на навивачки групи кои викаат “чиста Македонија“ или чисти албански етнички територии, по зградите осамнуваат кукасти крстови и симболи, фашистички пароли, имаме отворени повици за елиминација на неистомислениците, етикетирања, поделба на предавници и патриоти, странски и домашни непријатели, се слават воени злосторници, сето ова укажува дека овие фашистички идеи се раѓаат, а во последните години политичките елити создадоа плодна почва за тие идеи“ заклучи Хоџиќ

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top