АЈДЕ! ВО СОЛИДАРНА АКЦИЈА
На вчерашниот протест за поддршка на новинарот Кежаровски, активистите на АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика, иницираа хуманитарна акција за доброволно собирање средства за семејството Кежаровски, кое нема речиси никакви примања и се наоѓа во исклучително тешка материјална состојба.
Учесниците на протестот покажаа голема солидарност. Им благодариме на сите за донацијата, која наскоро ќе ѝ биде предадена на семејството Кежаровски.
За сите детали околу акцијата стоиме на располагање (ajde.org.mk@gmail.com), но притоа апелираме да се почитува дигнитетот на семејството Кежаровски.
Солидарноста е една од целите на АЈДЕ!. Ние и во иднина ќе бидеме солидарни со сите оние на кои им е потребна помош и поддршка.