12705446_960149920731663_9074869438056918498_n

Граѓански перформанс: 50 човечиња во 40 метри квадратни

на фев 15, 16 • од

Активистите на кампањата „Заслужуваме подобро“, на 15 февруари 2016, организираа граѓански перформанс за тоа како можат во 40 метри квадратни да се вселат 50 „човечиња“...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Граѓански перформанс: 50 човечиња во 40 метри квадратни

Активистите на кампањата „Заслужуваме подобро“, на 15 февруари 2016, организираа граѓански перформанс за тоа како можат во 40 метри квадратни да се вселат 50 „човечиња“.

“Македонија вселува – 50 луѓе во 40 м2” е проект на властите во државата со кој се вршела интервенција во избирачиот список и за чие извршување противзаконски се здружувале министри, судии, вработени во државна администрација и други јавни функционери.

Овој проект е поигрување со здравиот разум на сите граѓани од Македонија, но и газење врз чувствата и достоинството врз Македонците од Пустец.

Во време кога граѓаните од Македонија масовно се иселуваат во поразвиените земји во странство, група од 50 човечиња на улицата Максим Ѓорѓија – масовно се вселуваат во стан од 40м2. Вакви спектакуларни вселувања се забележани на повеќе места, па имаме случаеви од 150 човечиња вселени во 80 м2, 100 човечиња вселени во 60 м2 и секако денешниот пример од 50 човечиња вселени во 40 м2. Освен што ги вселувале, властите ги принудувале човечињата послушно да гласаат на избори секаде каде што ќе се појавела потреба за тоа.

Оваа слика е причина повеќе да не се дозволи да се организираат избори пред да се заврши со темелна проверка и прочистување на избирачиот список и пред да се направат другите реформи кои ќе обезбедат фер и слободни избори.

Овие задачи не е можно да се завршат до 24 април!

Оваа слика е причина повеќе да испратиме апел до Специјалното јавно обвинителство да продолжи посветено со својата работа, но и апел до надлежните судови да се воздржат од политички одлуки и непристрасно да постапуваат по пријавите на СЈО. Се мешаме во политика, зашто Заслужуваме подобро!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top