НВО Инфоцентарот, во рамки на својата програма „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна Ковид-19 имунизација“,на неделна и месечна основа го следи процесот на вакцинација против Ковид-19 во Република Северна Македонија.
Главен акцент во следењето е ставен на текот, темпото и интензитетот на вакцинацијата на населението против Ковид-19, набавката и пристигнувањето на вакцините во државава, како и начинот и квалитетот на информирање на граѓаните за овој исклучително важен процес.
Клучни наоди за периодот од 25 август до 23 септември 2021:
- 703.878 граѓани се целосно вакцинирани (34% од населението).
- 778.408 граѓани примиле барем една доза (37.6% од населението).
- Од 25 август заклучно со 23 септември, процентот на целосно вакцинирани се зголемил за речиси 10%, а на оние со една доза за 5%.
- 55% од населението над 40 години е вакцинирано со една доза вакцина.
- И натаму нема официјални податоци колку македонски граѓани се вакцинирале во странство.
- Министерството најави дека сите лица над 60 години, здравствените работници и најранливите категории ќе примат трета доза вакцина (исклучиво Фајзер).
- 22% од новозаразените со коронавирусот, 20% од хоспитализираните и 14% од починатите од Ковид-19, се вакцинирани.
- Досега се пристигнати вкупно 1.897.092дози вакцини.
- Најзастапена е вакцината Фајзер (40.2%)
Интегрален текст Месечен ИмуноМетар – 23 септември 2021