#КовидИмунометар
Вакцинирани над 160 илјади граѓани односно 11% од проценките на Владата
Од 1 јануари до 15 мај годинава, вакцинирани се вкупно 163.427 граѓани или 11% според проценките на Министерството за здравство бидејќи Националниот план за имунизација против Ковид-19 предвидува вакцинација на 1.490.500 граѓани.
Во овој период, на специјалната интернет-апликацијана Министерството за здравство, vakcinacija.mk,за вакцина се пријавиле 346.431 граѓани односно 23% од процените на Министерството. Од 1 април до 15 мај, бројот на пријавени граѓани се зголемил за 68% во споредба со првите три месеци од 2021 година.
Заклучно со 15 мај, во државава пристигнале 391.050 вакцини, од кои најмногу дози од вакцината Синофарм – 302.000 (77,2%), потоа Фајзер – 33.050 дози (8.5%), Астра-Зенека – 30.000 дози (7.6%) и Спутник В - 26.000 дози (6.7%).
До 12 мај годинава, прва доза вакцина добиле 135.574 граѓани додека 47.579 вакцинирани граѓани се на возраст од 66 до 77 години. Во овој период, вакцинирани се и млади на возраст од 18 до 29 години и тоа, вкупно. 3.817.
Вакцинацијата во државава се одвива во здравствените домови и во шест пунктови за масовна имунизација во Скопје, Кавадарци, Штип, Охрид, Тетово, Куманово.