Целосно вакцинирани се само 40.7% од населението
НВО Инфоцентарот, во рамки на својата програма „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна КОВИД-19 имунизација“,на неделна и месечна основа го следи процесот на вакцинација против КОВИД-19 во Република Северна Македонија.
Главен акцент во следењето е ставен на текот, темпото и интензитетот на вакцинацијата на населението против КОВИД-19, набавката и пристигнувањето на вакцините во државава, како и начинот и квалитетот на информирање на граѓаните за овој исклучително важен процес.
Овој извештај претставува пресек на најважните и клучни информации, и достапни статистики поврзани со имунизацијата на населението против КОВИД- 19, во периодот од 26 ноември 2021 до 22 јануари 2022 година.
Извршно резиме
- 40.7% од населението се целосно вакцинирани (841.143граѓани).
- 41.8% од населението примиле барем една доза вакцина (864.759 граѓани).
- Од 26 ноември 2021до 22 јануари 2022, процентот на целосно вакцинирани се зголемил за 2.3%, а со една доза за 1.8%.
- 50.5% од населението над 18 години е целосно вакцинирано.
- Трета доза вакцина примиле 122.752 граѓани
- Интересот за вакцинирање е мал.
- Најмал процент целосно вакцинирано население има во Струмица – 28.5%.
- Највисок процент целосно вакцинирано население има во Неготино – 55.9%.
- 37% од новозаразенитe, 19% од хоспитализираните и 22% од починатите од КОВИД-19 биле вакцинирани.
- Досега се пристигнати 2.097.162 дози вакцини (без дозите Фајзер пристигнати во октомви и ноември).
- Досега државава примила донација од 921.180 вакцини.
Прочитајте го целосниот извештај: Патот на вакцините-Состојба до 22 јануари 2022