Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, Република Франција организираат Школа за човекови права за млади од Македонија и Франција. На школата ќе бидат опфатени две генерални теми:
- Дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност;
- Младински активизам како алатка за превенција на дела од омраза помеѓу младите.
Јазиците на кои ќе се одвива школата се: англиски, француски, македонски и албански јазик.
Локација: Скопје, хотел „Средно Водно“
Време: 19-25 август, 2014 година
Напорите на двете организации се во насока за младите од Македонија и Франција да добијат повеќе знаење за кривични дела сторени од омраза преку интерактивна програма подготвена специфично за потребите на школата. Исто така двете организации очекуваат дека младите преку взаемна соработка и дружење можат да креираат активности преку кои ќе се спротивстават на ваквите појави во општествата.
Повикот е отворен за млади од Франција и Македонија на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати кои би сакале да земат учество треба да:
- ја пополнат апликацијата достапна на официјалната веб-страна;
- да приложат кратка биографија;
- да приложат краток есеј за дела од омраза помеѓу младите во нивната локална средина. Есејот истовремено треба да го изјаснува мислењето на апликантот/ката за тоа што претставува дело од омраза и како тие влијаат на младите во Р.Македонија.
Документите за аплицирање треба да се достават на: jasmina.golubovska@mhc.org.mk
Апликацијата за пријавување ќе ја најдете на стрницата на повикот.