4219548

Оглас за проектен асистент

на мар 14, 22 • од

Фондацијата НВО Инфоцентар Скопје се води со визијата за отворено, развиено и слободно демократско општество втемелено на владеење на правото и почитување на човековите права, општество на просветени и проактивни граѓани кои живеат во благосостојба и ги негуваат достоинството, еднаквоста, солидарноста и правичноста. НВО Инфоцентар посветено работи на создавање култура на постојано и проактивно учество [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Оглас за проектен асистент

Фондацијата НВО Инфоцентар Скопје се води со визијата за отворено, развиено и слободно демократско општество втемелено на владеење на правото и почитување на човековите права, општество на просветени и проактивни граѓани кои живеат во благосостојба и ги негуваат достоинството, еднаквоста, солидарноста и правичноста.

НВО Инфоцентар посветено работи на создавање култура на постојано и проактивно учество на граѓаните во политичките и општествените процеси преку континуирана едукација и еманципација, како и јавно застапување за ослободување на јавниот простор од центрите на моќ и влијание.

За потребите на проектот „Сојузи за активно граѓанство 2022”, финансиран од Европската Унија, НВО Инфоцентар објавува оглас за ангажирање на:

Проектен асистент

Одговорности на проектниот асистент:

  • Подготовка, собирање и водење на целокупната административно-финансиска документација.
  • Менаџирање на процесот на набавки (собирање понуди, достава, комуникација со засегнати страни).
  • Директна соработка со проектниот координатор, и логистичка и програмска поддршка во подготовката и реализацијата на активностите.
  • Редовна комуникација и соработка со тимот на НВО Инфоцентарот, како и со надворешните соработници и консултанти.
  • Дневно водење записник за завршени задачи.

 

Вештини и квалификации:

  • Минимум една (1) година работно искуство на иста или слична позиција.
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.
  • Одлично познавање на MS Office пакетот, како и онлајн платформите ZOOM, Google Drive, Dropbox. Познавањето и владеењето други платформи, програми, апликации ќе се смета за предност.
  • Способност за планирање, организација и реализација на активности во кратки рокови.
  • Одлични комуникациски вештини.
  • Професионален однос кон сите вклучени страни.
  • Поседување диплома за високо образование ќе се смета за предност.

 

Информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа најдоцна на 1 април 2022, во период од 9 месеци, со можност за продолжување на договорот.
  • Првично се прави договор за времен ангажман од 2 месеци.
  • Месечниот хонорар е во максимална висина од 33.000 денари (бруто).
  • Ангажманот ќе се реализира преку договор за соработка на определено време, со можност за продолжување/ вработување.
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа.
  • Краен рок за аплицирање е 23 март 2022 година.

 

Испратете ја Вашата работна биографија и мотивациското писмо (до 500 зборови) на contact@nvoinfocentar.org.mk, со наслов Апликација за проектен асистент.
Краен рок за аплицирање: 23 март 2022, до 17:00 часот.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Ве молиме без телефонски јавувања.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top