ps 1

Одлуката на Уставниот суд е легитимирање на полициското насилство

на јун 23, 14 • од

Одлуката на Уставниот суд со која исфрлањето на новинарите од собраниската галерија на 24 декември било поради нивна заштита е контрадикторна и е директно легитимирање на полициското насилство. Ова е генералниот заклучок на дебатата организирана од страна на Центарот за развој на медиуми, Фондацијата Отворено општество Македонија и Фронтот за слобода на изразување...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Одлуката на Уставниот суд е легитимирање на полициското насилство

Одлуката на Уставниот суд со која исфрлањето на новинарите од собраниската галерија на 24 декември било поради нивна заштита е контрадикторна и е директно легитимирање на полициското насилство. Ова е генералниот заклучок на дебатата организирана од страна на Центарот за развој на медиуми, Фондацијата Отворено општество Македонија и Фронтот за слобода на изразување.

Застапникот на новинарите пред Уставниот суд, адвокат Филип Медарски, најави дека правдата за овој случај ќе се бара од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. „Иако во одреден дел од одлуката, може да се забележи дека имало насилно исфрлање на новинарите, Уставниот суд во генералното образложение чинот на исфрлање на новинарите е не го третира како исклучување на јавноста од работата на Собранието. Токму ова е битно за триделниот тест  кој што Стразбур сигурно ќе го примени на дадената ситуација и доколку го примени на правилен начин, јас сум убеден дека ќе утврди повреда на слободата на изразување“ заклучи Медарски.

„Одлуката на Уставниот суд е скандалозна бидејќи Судот не успеа да утврди кршење на Уставот, иако тоа беше премногу очигледно. Згора на се во одбрана на критиките кон ваквата одлука не застанаа самите судии, туку тоа го стори владејачката партија, што остава сомнеж дали имало политички притисок кон донесување на ваквата одлука“ потенцираше Насер Селмани претседател на Здружението на новинари на Македонија.

Останатите присутни на дебата го поделија впечатокот дека ваквата одлука на Уставниот суд не остава простор за подобрување на состојбата со медиумите, а самиот чин на исфрлање на новинарите без при тоа да има било каква одговорност од надлежните, само го легитимира полициското насилство.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top