НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, на 29 јуни одржа обука / вебинар за граѓанските организации од Крива Паланка и Неготино – Спектар, Цик-цак, Норгес Вел и СПО КУЛ, за креирање организациски интернет-страници.
Секоја од вклучените организации, заедно со тимот експерти на НВО Инфоцентарот, во следните неколку месеци ќе креира сопствена интернет-страница и ќе ги надгради своите капацитети за поголема видловост и влијание во интернет- просторот и воопшто во јавноста.
За потребите на овие организации, вклучително и на организацијата Активо од Велес, ќе бидат организирани серија обуки, работилници и консултации во насока на надградба на нивните вештини и знаења за односи со јавноста и јавното застапување.
Проектот е финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.