Медиумско огледало: Новинарството е мртво – да живее пропагандата

на јул 5, 11 • од

Целосна поделеност на медиумите, селективност на информирање, но и висок степен на непотпишани, и текстови кои се неизбалансирани и содржат само еден извор, се дел од забелешките внесени во мониторингот „Медиумско огледало“ а кој се однесува на следењето на изборниот процес на осум печатени, и исто толку електронски медиуми...
Pin It

Home » Uncategorized » Медиумско огледало: Новинарството е мртво – да живее пропагандата

Целосна поделеност на медиумите, селективност на информирање, но и висок степен на непотпишани, и текстови кои се неизбалансирани и содржат само еден извор, се дел од забелешките внесени во мониторингот „Медиумско огледало“ а кој се однесува на следењето на изборниот процес на осум печатени, и исто толку електронски медиуми.

Освен високата застапеност на непотпишани текстови, што според Роберто Беличанец е знак за бегање од одговорноста, прилозите на медиумите  се карактеризирале со низок степен на аналитичност, но и деперсонализирање на политиката, односно недостаток од интервјуа и портрети на одредени политички кандидати, како и слаба посветеност на субјектите во изборите кои не се дел од партиските матрици односно занемарување на ДИК, СРД и независните експерти.

На денешната дебата, по повод наодите од последниот извештај на Медиумското огледало, насловена „Новинарството е мртво – да живее пропагандата“, истакнати имиња во новинарството и комуникациите дискутираа за проблемите и предизвиците во македонската медиумска сфера и за сосојбите во новинарството.

Според новинарот Зоран Иванов, деновиве сме сведоци дека на дело се спроведува план кој има за цел да уништи цели медиуми и цели семејства на новинари.

Правејќи споредба помеѓу сегашната ситуација и онаа за време на изборите во 2002 година, комуникологот Климе Бабунски, оцени дека состојбата во медиумите е иста или слична со онаа во 2002 година, и дека освен неколку дебати, ретко кој се обидел да поттикне на коренити промени во македонскиот медиумски простор.

Разменувајќи свои лични искуства и гледишта за минатото и сегашноста во новинарството во Македонија но и во околината, мнозинството се сложи дека македонското новинарство е мртво но дека тешко е да се утврди датумот на неговата смрт. Повлекувајќи паралели меѓу сегашната состојба во Македонија, и онаа од пред десеттина години во Србија, Лилјана Јаковлевска оцени дека состојбата со македонските медиуми е полоша од состојбата со српските медиуми за време на владеењето на Милошевиќ.

Проектот мониторинг на медиуми „Медиумско огледало“ е реализиран од НВО Инфоцентар во периодот  од 11-ти мај до 8-ми јуни, а финансиски е подржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Медиумско огледало – Избори 2011, Извештај бр. 2 (491KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top