kristina-atovska-sitel-500x355

Новинарка на Сител отпуштена заради критика кон Јанкуловска

на мар 14, 16 • од

Новинарката во утринската програма на ТВ Сител, Кристина Атовска, добила раскин на договорот за работа со овој медиум, бидејќи напишала колумна во порталот „Позитив“, во која ја критикува поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Новинарка на Сител отпуштена заради критика кон Јанкуловска

Новинарката во утринската програма на ТВ Сител, Кристина Атовска, добила раскин на договорот за работа со овој медиум, бидејќи напишала колумна во порталот „Позитив“, во која ја критикува поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Атовска за ЦИВИЛ Медиа изјави дека уредникот на утринската програма на ТВ Сител, Александар Блажевски ѝ соопштил дека е отпуштена од работа, бидејќи напишала критична колумна против Јанкуловска, но и дека само ја пренел одлуката на раководството на медиумот.

Таа во колумната напишала: „Срамно е Јанкуловска да зборува за противправно лишување од слобода како мерка за притисок. Притворените студенти од протестот се сеќаваат на оваа мерка на Јанкуловска. Томислав Кежаровски, а и Љубе Бошкоски, исто така, имаат многу да кажат на оваа тема. Срамно е да зборува за ПРАВНА држава, министерката која себеси се смета за посилна од правото. (Последната одлука на Уставен суд за можност за помилување за изборен криминал го докажува тоа). Така, дури и во случај да биде осудена, (случај оспоруван од судиите), таа ќе биде помилувана. Уставно. Па така, Јанкуловска е над Уставот. Навистина правна држава. Срамно е Јанкуловска да зборува за двојни стандарди, кога сите се сеќаваме на нејзините зборови од бомбите: државна работа на првиот кат, партиска работа еден кат погоре – две во едно…

Атовска била хонорарно ангажирана во ТВ Сител од август 2014 година, а покрај хонорарната работа во телевизијата била ангажирана и во порталот „Позитив“.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top