На 1 и 2 јуни 2019 година, во Велес, во рамки на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата - Коалиција за нулта толеранција“, НВО Инфоцентар во партнерство со Транспарентност Македонија, ја организираше третата обука за новинари посветена на ефикасните механизми и начини на борба против корупцијата.
За да ја поттикнеме соработката меѓу институциите и новинарите, на обуката покрај десетина новинари од националните редакции, учествуваа и четери членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), заедно со претседателката Билјана Ивановска.
На обуката учествуваа и Вања Михајловска, експертка за спречување корупција и Маја Јовановска од Истражувачката новинарска лабораторија.