image

Нови напади врз активистите и новинарите: Димитров и Зекири на удар

на мар 7, 16 • од

Атмосферата на насилство, линч и омраза креирана од страна на власта и нејзините медиуми постојано се засилува. Деновиве цел на напади и закани се активистот Славчо Димитров и новинарот Мухамед Зекири. Активистот Славчо Димитров беше еден од говорниците на саботниот протест пред Уставниот суд. Неговиот инспиративен говор во кој упати жестока критика спрема власта предизвика [&hellip...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Нови напади врз активистите и новинарите: Димитров и Зекири на удар

Атмосферата на насилство, линч и омраза креирана од страна на власта и нејзините медиуми постојано се засилува. Деновиве цел на напади и закани се активистот Славчо Димитров и новинарот Мухамед Зекири.

Активистот Славчо Димитров беше еден од говорниците на саботниот протест пред Уставниот суд. Неговиот инспиративен говор во кој упати жестока критика спрема власта предизвика недолични и заканувачки реакции во некои од провладините медиуми. Порталот Инфмакс, на пример, отиде дотаму што Димитров го нарече соросоид кој е ментално хендикепиран и кој треба да биде хоспитализиран од надлжените институции: „Освен тоа што соросоидите навредуваат граѓани, денес го допреа дното со злоупотребата на лица со ментален хендикеп. Наместо да се грижат и да побараат згрижување и нега на таквото лице, тие јавно го експонираат, користејќи ја неговата лабилна личност за правење на спектакл. Лицето е извесен Славчо Димитров, и ги замолуваме надлежните институции да преземат мерки ова лице побрзо да се хоспитализира и да му се пружи соодветна нега.“

Едновремено, во овој текст се напаѓа и активистот Никола Гелевски: „За жал, ова не е првиот пример на вакво однесување кај соросоидите, кои го имаат и таканаречениот Никола Гелевски алијас Коља Мрак, кој поради нервната нестабилност вреска во сите телевизии каде што се појавува.

Во исто време, на 6 март 2016, новинарот Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објави статус за тоа дека е повторно мета на засилено вознемирување и заплашување од страна на партијата на власт ДУИ и од нејзините приврзаници: „Од тоа што го има запишано Господ да се случи не може да избега никој. Се плашам само од возвишениот Алах и никој друг. Почитувани пријатели сакам јавно да ви се обратам и да споделам со вас дека последниве денови се зголемени заканите кон мене и моето семејство. Целта е јасна да ме вознемират и уплашат . Но им ставам јасно до знаење ним, дека ниту им се плашам ниту ме вознемируваат. Јас ќе продолжам да бидам тој што сум, истиот тој Мухамед кој што го познавате. Јас ќе продолжам со вас да ги споделувам моите ставови за случувањата во нашава земја. На многумина може тоа да не им се допаѓа но јас нема да престанам да го кажувам тоа што го мислам. Знам дека албанската пртија на власт ДУИ и нејзините г’золижачи се вознемирени и го имаат изгубено патот во сопствениот двор и единственото нешто што им преостанало е заплшувањето и заканите кон неистомислениците. Не ви се плашам !!! Од запишаното од Господ никој не може да избега. Еднаш сум се родил еднаш ќе умрам. До мојот последен здив ќе се борам против злото и злосторниците. Со почит Вашиот Мухамед Зеќири

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top