Павле Богоевски, учесник во Шарената револуција, на 14 јуни, доби прекршочна пријава за направен прекршок – испишување на бројот четири пред Триумфалната порта.
- „Денеска симболично броевме уште 4 дена до 18 јуни, денот до кога и дадовме рок на Владата да постапи по нашите барања. Веднаш по одбројувањето повторно ја почувствувавме селективната правда и прогонот на Митко Чавков и на фамилјата врз демонстрантите, имено ме легитимираа и ми дадоа платен налог за сторен прекршок, додека вистинските криминалци кои раководат со државата се уште се на слобода и судовите одвај можат да се дрзнат да им го одземат пасошот, а не дај боже да ги стават во притвор“, изјави за А1он Павле Богоевски.
Демонстрантите од Шарената револуција велат дека им дале до знаење како на актуелната, така и на идните власти дека сите прекршочни и истражни постапки против граѓанските активисти мора да престанат: „Ова е пример за прекршување на основните човекови права за изразување граѓански револт и протест“.
Извор: А1.он