Кривичниот суд им одреди нови 30 дена домашен притвор на тројца демонстранти приведени по протестите во Скопје што се случија првата недела по донесувањето на одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов за аболиција, потврди Кривичниот суд.
Против тројца демонстранти, Зоран Савески, Владимир Куновски и Борјан Ефримов, од кои двајца беа изведени пред судија на претходна постапка на 15 април, а еден на 19 април, Обвинителството поднело обвинителен предлог и предлог за продолжување на куќниот притвор.