Претседателот на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Груевски, како што пренесува Плусинфо, на одбележувањето на 26 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото им се обрати и на граѓанските организации кои според него секогаш биле со СДСМ и никогаш не реагирале на она што погрешно го прави оваа партија, ниту пак, сега кога СЈО ги компромитира членовите на ВМРО- ДПМНЕ и судовите.
- Сега кога СЈО прави притисок на судовите да прифаќа обвиненија, тоа граѓанските организации не ги засега.Сакам да им порачам дека се повеќе ова што нив не ги засега го засега народот и тоа оргомното мнозинство од народот, она мнозинство што не се Соросови платеници таканаречени револуционери, дека се губи трпението кај народот, дека сум под притисок од илјадници барајќи поддршка за народна акција, дека ако вака продолжат, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола, народот врие. И дека во еден момент може да му дојде преку глава и да велеземе во нова фаза од која тешко ќе излеземе- истакнал Груевски,
Извор: Плусинфо