ss20_2_m5_001_l

Нападната активистка на Шарената револуција, а неколкумина демонстранти се повикани во МВР

на јун 21, 16 • од

Ноќеска, по завршувањето на протестот на Шарената револуција, една  активистка на Шарената револуција е нападната од непознати маскирани лица, а во текот на вчерашниот ден и денеска неколку учесници на Шарената револуција се повикани на информативен разговор во полиција...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Нападната активистка на Шарената револуција, а неколкумина демонстранти се повикани во МВР

Ноќеска, по завршувањето на протестот на Шарената револуција (20 јуни 2016) една  активистка на Шарената револуција е нападната од непознати маскирани лица. Според партијата Левица, станува збор за нивна членка на Централниот комитет која била пресретната во темна уличка од две машки лица кои носеле маскирни капи. Лицата ѝ пришле, викајќи ѝ: „Ќе видите вие дали нема правда!“ – по што ја удриле неколку пати, нанесувајќи ѝ лесни телесни повреди. Нападната девојка случајот ќе го пријави во полицијата.

Инаку, вчера и денеска неколку учесници на Шарената револуција се повикани на информативен разговор. Во текот на вчерашниот во полиција беше повикан новинарот Томислав Кежаровски, а според информациите денеска (21 јуни) повикани се и Горан Трајков од Штип, Јасминка Голубовска од Скопје и др.

 

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top