Сара Таратакова, Тина Божинова, Мартин Голчев, Ева Димитриева и Вероника Димеска од Велес, со поддршка на нивната менторка Сања Јорданова и НВО Инфоцентарот, на 20 ноември 2020, преку платформата ЗУМ, ги споделија со своите врсници од Велес и Тетово, искуствата од учеството во проектот #НадминувањеГраници/ #ChallengingBorders.
Тие на своите другари им раскажаа за онлајн кампот и работата во групи со млади од Тетово, Србија и Албанија. Со нив споделија што е тоа толеранција, интеркултрализам, надминување стереотипи и предрасуди.
Сепак, како што и самите истакнаа, најважно од се е тоа што стекнаа нови познанства, пријателства и другарства со свои врсници од три држави.
Оваа активност се реализираше во рамки на проектот #ChallengingBorders, на НВО Инфоцентарот и партнерските организации: Влора Младински Центар од Албанија и Тимочки Клуб од Србија, финансиски поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Фондот на Обединетите нации за градење мир (UN PBF).