д3

МВР: Заврши истрагата против невладините организации

на мар 1, 18 • од

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, оствари средба со претставници на невладините организации кои беа под истрага покрената на барање на Државната комисија за спречување на корупцијата...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » МВР: Заврши истрагата против невладините организации

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е завршена истрагата против дваесетината невладини организации што почна пред една година и дека било утврдено дека не постојат докази против нив.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со претставници на невладините организации кои беа под истрага покрената на барање на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„На средбата на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, претставниците на граѓанските организации беа информирани дека не се потврдени сомнежите, односно не се обезбедени докази за субјектите што се предмет на криминалистичката обработка“, соопшти МВР.

Спасовски ги информирал дека по завршување на проверките во рамки на меѓуинституционалната криминалистичка обработка, доставени се известувања до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во кои е наведено дека сомнежите се неосновани, а врз основа на прибавените информации е констатирано дека нема основи за понатамошна истрага. Врз основа на тоа, велат од МВР, истражните органи до јавното обвинителство доставија предлог за затворање на истрагата.

Истрагата против невладините организации беше покрената лани, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата тогаш наведоа дека „СДСМ и Сорос константно работат на уништување на граѓанскиот сектор и иницијативи, како и на независното новинарство во Република Македонија“, а експремиерот Никола Груевски на протест пред Државната изборна комисија на 17 декември во 2016 година најави таканаречена „десороизација“ и јакнење на ширење на невладиниот сектор, кој нема да бил под ничија контрола.

„Ќе се бориме за десоросоизација на Република Македонија и за јакнење на независен граѓански сектор, кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на функционирање на невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот“, рече тогаш Груевски.

Извор: Макфакс

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top