тр

МВР без причина им го попречи на граѓаните уставното право на мирен протест

на јул 12, 16 • од

Според порталот Слободна.мк, МВР во своето соопштение признава дека без каква било причина ги попречила демонстрантите, на 11 јули, да протестираат пред зграда на Министерството за финансии...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » МВР без причина им го попречи на граѓаните уставното право на мирен протест

Во соопштението што го издаде МВР се тврди дека „На 11.06.2016 г. (понеделник) во 16:30 часот, група од 50 до 60 граѓани организирани од граѓанското движење „Протестирам“ започнаа со ненајавен протест на улица Даме Груев поточно пред Министерството за финансии.“

Во истото соопштение МВР признава дека со кордон го попречило правото на мирен протест пред Министерството за финансии на „Шарена револуција“, без да даде причини зошто го направило тоа:

„Од 19:45 часот, пред СЈО имаше собир на граѓани од т.н. Шарена револуција кои се упатија кон улица Даме Груев со цел да им се приклучат на другата група поставена пред Министерството за Финанси, при што беше поставен кордон на улица Македонија за да не се дозволи движење према Министерството. Откако беа блокирани демонстрантите на улица Македонија, истите се поделени во групи повеке пати се обидоа да го пробијат кордонот кај гратски ѕид со туркање и влечење на полициските службеници поставени во кордонот.“

МВР фактички признава дека дури откако бил поставен кордонот и биле поделени демонстрантите на повеќе групи некои од нив се обиделе да го пробијат кордонот. Потоа МВР воопшто не објаснува зошто со кордон ги спречила граѓаните да се упатат од Министерството за финансии се кон улица „Македонија“:

„Во 21:30 часот, групата демонстранти пред Министерството за финанси се упати кон улица Македонија, при што со употреба на физичка сила кон полицискиот кордон успеа да го пробие кордонот. По пробивувањето на кордонот, демонстрантите делуваа со боја и фрлија пиротехнички средства (бакла) према Министерството.“

 

Во соопштението на МВР се тврди дека „Од страна на полициските службеници ангажирани на вчерашниот протест, во ниту еден момент не беа употребени средства за присилба или димни и шок бомби, со што воедно ги демантираме гласините од некои медиуми каде што пишуваше дека полицијата употребила димни бомби и други средства за присилба.“

Меѓутоа, повеќе демонстранти по вчерашниот протест пријавија дека добиле удари под појасот од страна на полициските специјалци во кордонот, а кај некои од нив имаше и видливи траги од ударите и влечењата.

тр

Преземено од  Слободна.мк

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top