page-fokus

Мониторинг на медиумите за Законот и случаите за навреда и клевета против новинарите во Македонија – октомври 2014

на ное 6, 14 • од

Критичките медиуми во континуитет ги следат случаите за навреда и клевета против новинарите, како и другите форми на загрозување на слободата на изразување. Нивното вклучување во поддршката на акцијата за солидарност со новинарите на Фокус имаше значаен придонес во нејзината успешна реализација и навременото собирање на потребните средства за плаќање на досудениот надомест...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиумите за Законот и случаите за навреда и клевета против новинарите во Македонија – октомври 2014

Критичките медиуми во континуитет ги следат случаите за навреда и клевета против новинарите, како и другите форми на загрозување на слободата на изразување. Нивното вклучување во поддршката на акцијата за солидарност со новинарите на Фокус имаше значаен придонес во нејзината успешна реализација и навременото собирање на потребните средства за плаќање на досудениот надомест.

Провладините медиуми речиси воопшто не информираат за случаите за навреда и клевета, и спорадично објавуваат информации само кога тие се однесуваат на државните функционери. Имајќи го предвид ова, може да се констатира дека без критичките медиуми, јавноста во Македонија ќе биде целосно информативно изолирана и без каква било информација за случувањата поврзани со слободата на медиумите и слободата на изразување.

Медиумите кога информираат за „навредата и клеветата“ главно пренесуваат изјави и ставови на релевантни личности и институции, а многу малку или воопшто не објавуваат прилози кои имаат аналитичка содржина. Новинарите не ги наметнуваат темите, туку само ги следат и за нив информираат главно преку жанровите – вест, извештај и интервју.

НВО Инфоцентарот, во рамките на Програмата на УСАИД за јакнење на независните медиуми и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера кој го спроведува Центарот за развој на медиуми, реализира постојан мониторинг и анализа на јавната дебата во медиумите.

Оваа анализа ја опфаќа примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и случаите за навреда и клевета во кои се вклучени новинари и  медиуми, во периодот 1 јули до 31 октомври 2014 година.

Во мониторингот се вклучени 18 традиционални и нови медиуми – весници: Утрински весник, Нова Македонија, Дневник, Слободен печат и Вечер; неделници: Фокус; телевизии (централни информативни емисии): Канал 5, Сител,Телма, МРТ1 и 24 Вести, и портали: А1.он, Курир, Република, Плусинфо, Либертас, НоваТВ и Радио Слободна Европа.

06112014_CRM_Izvestaj-Navreda-i-kleveta-Okt-2014 (1)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top