naslovna

Мониторинг на медиуми (јуни 2021): Имунизацијата e помалку атрактивна

на јул 18, 21 • од

Опаѓа бројот на медиумски содржини поврзани со вакцинацијата, а недостигаат компаративни анализи, по длабински извештаи и статистики за ефектите од имунизацијата на населението...
Pin It

Home » Активности, Важни, Ковид Имунометар, Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на медиуми (јуни 2021): Имунизацијата e помалку атрактивна

Анализата на медиумското известување за вакцинацијата против Ковид-19, во текот на јуни, ги покажа следниве тенденции:

  • Опаѓа бројот на медиумски содржини поврзани со вакцинацијата.
  • Во медиумите недостигаат компаративни анализи, подлабински извештаи и статистики за ефектите од имунизацијата на населението.
  • Медиумите известуваа дека земјата се соочува со недостиг од вакцини, дека процесот е забавен, но дека имунизацијата продолжува.
  • Позастапени беа вестите поврзани со летните одмори и условите за патување.
  • Во „мејнстрим“ медиумите, речиси воопшто нема вести за антиваксерството.

Monitoring na mediumi [ Infographic 07_2021 ]Во јуни, на агрегаторот time.mk, бројот на објавени новинарски содржини на оваа тема, беше најмал од почетокот на годината – 7.006 новинарски прилози. Во јуни, на агрегаторот time.mk, бројот на објавени новинарски содржини на оваа тема, беше најмал од почетокот на годината.  Најмногу новинарски прилози за вакцинацијата имаше во март – 15.161, потоа во  април оваа бројка се намали на 12.797, а во мај беа објавени 10.699 новинарски продукти.

Министерството за здравство односно министерот Венко Филипче и натаму останува главен извор на информации за медиумите.  Министерот Филипче, во јуни, беше застапен во 2.191 новинарски прилози.

НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна Ковид-19 имунизација“,спроведува мониторинг на известувањето на медиумите за процесот на вакцинација.

Набљудувањето и анализата на медиумското известување за Ковид-19 имунизацијата се реализира преку агрегаторот на вести – Time.mk, кој опфаќа вкупно 125 медиуми- вести (63), портали (48) и спортски медиуми (14) и тоа, со пребарување според клучни зборови – „вакцинација“, „Филипче“ и „антиваксери“.

Основната цел на набљудувањето е да се утврди интензитетот, квалитетот и доминантните наративи во известувањето на медиумите за целокупниот процес на Ковид-19 вакцинацијата во државава.

Овој трет извештај го опфаќа периодот од 1 до 30 јуни, 2021 година.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top