5148

Мониторинг на информирањето на медиумите за случаите „А1“ и „ МПМ“

на фев 10, 11 • од

Генерална оцена на анализата е дека почитувањето на вистината и точното информирање на јавноста, како првенствени професионални начела на информативните медиуми, беа сериозно прегазени...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Мониторинг на информирањето на медиумите за случаите „А1“ и „ МПМ“

НВО Инфоцентарот и Центарот за нови медиуми, во рамките на програмата за мониторинг на медиуми „Медиумско огледало“ спроведоа мониторинг на информирањето на медиумите за „случајот А1“ и за „случајот МПМ“. Целта на овој моноторинг е да се набљудува и анализира почитувањето на професионалните новинарски стандарди во информирањето за овие настани.

Мониторингот беше спроведен во три периоди. „Случајот А1“ беше мониториран во периодите:  25 ноември – 2 декември и 24 – 29 декември 2010 година, додека „Случајот МПМ“ беше мониториран во периодот: 13 – 21 декември 2010 година. Во мониторингот беа вклучени седум дневни весници:„Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Време“; „Нова Македонија“ и„Шпиц“, и централните информативни емисии, на седум телевизии со национална и сателитска концесија: „А1“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МТВ1“; „Алфа“ и „Алсат М“.

Генерална оцена на анализата е дека почитувањето на вистината и точното информирање на јавноста, како првенствени професионални начела на информативните медиуми, беа сериозно прегазени. Медиумите во голема мера наместо кон информирање се приклонија кон убедување и предумислено заложување користејќи широка палета реторички средства и техники за манипулација. Новинарите често ги прекршуваа правилата за необјавување на непроверени и погрешни информации, како и информации кои се искривени или заведуваат.

Како најчест метод на нарушување на професионалото информирање се покажа т.н. „врамување“, односно селективно покривање на одделни аспекти од настаните и актерите.

Analiza na izvestuvanjata na makedonskite mediumi za A1 i MPM

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top