Дебата на НВО Инфоцентарот за слободата на изразување
На дебатата „Која е цената на слободата на изразување во Македонија?“, организирана од НВО Инфоцентарот,учествуваше и новинарот Борјан Јовановски, кој неодамна доби предупредувачки погребен венец во неговиот дом од страна на анонимен доставувач.
Јовановски истакна дека премиерот Груевски со својот говор во Охрид, недвосмислено го поттикнува насилството врз критичарите на власта, дека очекува атосферата на насилство и линч да продолжи и да кулминира, но едновремено, тој констатира дека молчењете не смее да стане систем на општествено однесување.
Видео записот од дискусијата на Борјан Јовановски може да го погледнете на порталот А1.он: http://a1on.mk/wordpress/archives/484076
извор: А1он